Актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје со убедлива победа го заврши првиот круг од првенството во Првата лига.
Аеродромци славеа на гости кај Тиквеш со 80-54 и го искористија киксот на Чаир за да го освојат третото место по воведната фаза. Со оглед на тоа што Пелистер победи во меѓусебниот дуел, вицешампион е пред МЗТ Скопје на провизорната табела.
Денешниот натпревар беше решен во второто полувреме во кое МЗТ Скопје ја стегна одбраната и прими само 21 поен за 20 минути. Тиквеш некако се држеше во првото полувреме, но во продолжение не можеше да го најде патот кон кошот што особено важи за последната четвртина во која домаќините постигнаа едвај пет поени.
Андреј Магдевски го одигра најдобриот натпревар оваа сезона и заврши со дабл дабл од 24 поени и 12 скока, Крстевски додаде 16 поени, а Едвин 10. Младеновиќ со 20 поени го предводеше Тиквеш кој не успеа да обезбеди пласман на завршницата од Купот на Македонија.


