Чаир ќе биде следниот прволигаш кој ќе се обиде да го победи тимот на Кожув во Гевгелија. Чаирчани се во серија од три порази, а Кожув е непобедлив на домашен терен, па нивниот меѓусебен меч е еден од дерби дуелите на 12. коло. Натпреварот се игра од 17 часот во Гевгелија.


