Прпват оваа сезона екипата на Феникс е во серија од две победи откако попладнево го совлада Работнички и го надоврза на триумфот против Шкупи од претходниот викенд.
Феникс славеше со 73-71, но направи херојски подвиг затоа што успеа да се врати и да слави иако во третата четвртина губеше со 15 разлика. Тоа е вкупно четврти триумф за тимот од Гази Баба кој по оваа победа може да излезе од зоната за испаѓање, па дури и да е вмеша во борбата за пласман во плејофот.
Чудо е како Работнички успеа да го загуби овој меч затоа што 2,5 четвртини не само што го диктираше темпото, туку имаше и убедлива предност. На средината од третиот квартал беше 48-33, а потоа момците од Градски парк како да престанаа да играат. До крајот на четвртината Феникс направи 14-3 и намали на 47-51, а на стартот на последниот период со уште една серија од 7-0 дојде до израмнување на 54-54. Нешто подоцна Феникс и го презеде водство и поведе со 68-62 на две минути пред крајот, Работнички на во финишот намали на 70-72, а во последните моменти имаше и шанса за израмнување. Шошкиќ изведуваше слободни фрлања, првото го погоди, второто го промаши, но ја прифати одбиената топка и упати уште еден обид со звукот на сирената, но беше непрецизен и Феникс ја прослави победата.
Димитриев со 17 поени и 8 скока беше најдобар играч кај Феникс, додека Шошкиќ одигра уште еден добар натпревар и со 16 поени го предводеше Работнички. Интересно е што Работнички го претрпе петтиот пораз оваа сезона, а три од нив се на само еден посед разлика.


