Иако има уште многу време, новинарите од еден од најпознатите европски кошаркарски портали направија анализа и прогноза на она што ќе се случува на претстојното Европско првенство кое е на програмата во август и септември.
Многумина ја гледаат Србија како главен фаворит за титулата, особено ако игра Никола Јокиќ, но Литванците не веруваат дека четата на Светислав Пешиќ ќе го однесе пехарот.
„Франција е прв фаворит, а Србија втор. Третиот пик ми е Германија, но тоа е многу лесно, веројатно Словенија и Шпанија не се во конкуренција“, сметаат аналитичарите.
Србија имаше фантастичен настап на Олимписките игри, но истото важи и за Франција која го освои сребрениот медал, додека Германија е актуелен светски шампион. Европското првенство е на програмата од 27 август до 14 септември, а домаќини се Кипар, Финска, Полска и Летонија.


