Последните години Партизан поставува нови стандарди во кошарката кога станува збор за навивањето и тоа направи вистински култ.
Ретко на натпреварите од Евролигата има помалку од 19 илјади гледачи, а кога игра против некој од континенталните гиганти, бројките се фрапантни. Иако минатата сезона не освои ниеден трофеј, а не успеа да стигне ни до плејофот во Евролигата, Партизан се уште ги има најверните навивачи во елитното кошаркарско натпреварување.
Затоа белградскиот клуб е најгледан во Европа со просек од 19.782 посетители по натпревар и четврти во светот. Пред него се само Њујорк Никс со 19.811, Филаделфија 76 со 19.842 и Далас Маветикс со 20.100 гледачи.
Интересно е тоа што официјално, капацитетот на белградската Арена изнесува 18.386 места што значи дека Партизан наоѓа начини да оди и над тоа.

