Екипата на Барселона игра исклучително лоша сезона на сите полиња, а тоа може да резултира со историски неуспех.
По синоќешниот пораз од Реал во 13. коло на АЦБ лигата, Барса падна на осмата позиција на табелата со биланс 7/6. До крајот на првата полуетапа од шпанскиот шампионат остануваат уште четири кола, а пласман во Копа дел Реј обезбедуваат најдобрите осум екипи. Меѓу нив треба да биде и Гран Канарија која е домаќин на турнирот, но таа во моментов е на петтата позиција и најверојатно нема да има проблем да се пласира во Копа дел Реј.

Барселона мора да се задржи барем на осмото место за да влезе на турнирот, а во последните четири кола се среќава со Хувентут, Жирона, Гран Канарија и Билбао. Откако Копа дел Реј се игра со осум екипи, не е забележано Барселона да не обезбеди учество на него, а со 27 трофеи е втор најуспешен тим, зад Реал кој има 29.


