Со помош на кошаркарските фанови, ФИБА го прогласи Никола Јокиќ за најдобар европски кошаркар во 2024 година.
Во конкуренција беа неколку суперѕвезди, главно од НБА лигата, како Лука Дончиќ, Јанис Адетокунбо, Виктор Вембанјама, Руди Гобер, Франц Вагнер итн., но Јокиќ доби најмногу гласови од љубителите на кошарката. Во 2024 година Јокиќ не освои трофеј, но беше прогласен за МВП на сезоната во НБА, трет пат во неговата кариера и потоа со српската репрезентација дојде до бронзата на Олимписките игри во Париз.
Сето тоа беше проследено со неколку големи индивидуални постигнувања, меѓу другото стана и само четврти играч во историјата со трипл дабл на Олимписките игри, а сезонава е убедлив лидер по бројот на трипл дабл натпревари во НБА лигата.


