Партизан одигра еден од своите најдобри натпревари оваа сезона и буквално го растури тимот на Макаби.
Во белградска Арена, „црно-белите“ славеа со 98-75 и на најдобар можен начин се загреаја за серијата дуели на гостински терен. На Партизан му претстојат три меча по ред надвор од Белград и пет во следните седум меча што ќе биде вистински тест за него дали може да се надева на пласман во разигрувањето за титулата.
Партизан заврши голема работа во првата четвртина која ја доби со 27-12. Во вториот период Макаби се доближи на осум поени негатива, но домаќините не дозволија драма и брзо го откажаа противникот од сите намери евентуално да направи пресврт.
И покрај тоа што убедливо славеше, Партизан не направи прогрес на табелата бидејќи тимот и натаму се наоѓа на 13. позиција на табелата со биланс 9/10. Макаби е уште полош, има само пет победи и е на претпоследното место.
РЕЗУЛТАТИ
Фенербахче – Анадолу Ефес 84-76
Панатинаикос – Виртус 111-90
Париз – Барселона 79-90
Партизан – Макаби 98-75
Реал – Баерн 88-76


