Српско-босанскиот интернационалец Миљан Марковиќ од денеска е нов играч на Работнички и во вториот дел од сезоната ќе се обиде да му помогне на тимот да дојде до трофеите на домашна сцена.
Станува збор за 32-годишен крилен центар кому македонското првенство не му е непознато затоа што лани играше во тимот на Кожув. Освен тоа, добро се познава со тренерот на Работнички, Горан Самарџиев бидејќи двајцата соработуваа во словачкиот Комарно во почетната фаза од минатата сезона, пред Марковиќ да дојде во Кожув.
Кариерата на Марковиќ трае веќе 18 години, а најпознат тим во кој играл е АБА лигашот Игокеа.


