ФИБА денеска ги изненади љубителите на кошарката со едно интересно прашање на социјалните мрежи.
Од Европската куќа на кошарката прашаа кој е најубав дрес на македонската кошаркарска репрезентација, а во конкуренција ги ставија „униформите“ од 1999, 2011, 2015 и актуелната. Интересно е тоа што дресовите со кои се прикажани Петар Наумоски, Перо Антиќ и Владо Илиевски се дресови со кои Македонија играше на европските првенства.
Дали е ова меѓу редови повик од ФИБА дека е редно време Македонија да заигра на Европско првенство по пауза од точно една деценија?


