Куманово гостува во Кавадарци со серија од шест победи која е најдолга во моментов во Првата македонска кошаркарска лига. Од друга страна, Тиквеш загуби на последните три меча, се наоѓа на претпоследното место на табелата и е под императив да триумфира денеска. Натпреварот во Кавадарци се игра од 17 часот.


