Реконструкцијата на домот на Работнички нема да биде единствена новина кога станува збор за култната сала во Градски парк.
Градоначалникот Горан Герасимовски најави дека по завршувањето на работите и пуштањето во употреба, салата ќе добие и ново име.
„Многу градоначалници пред мене ветуваа, но останаа само на ветување. Обезбедивме средства и почнавме со реконструкција и планираме септември, најдоцна октомври да сечеме лента на новата сала. Планираме да дадеме и ново име што ќе биде изненадување“, рече Герасимовски.
Во моментов објектот се вика сала на КК Работнички, а љубителите на кошарката ја знаат како сала Градски парк.


