Екипата на Вардар продолжи со одличните резултати во последниот период откако вечерва како домаќин го совлада Вардар со 81-64.
Со тоа, тимот од Гази Баба ја оправда фаворитската улога, а во исто време ги сочува силите за претстојните натпревари бидејќи откако дојде до највисоката предност од 25 разлика, тренерот Денис Дервишевиќ во игра ги пушти помладите кошаркари. Многу работи беа јасни уште по првото полувреме кое Феникс го доби со 45-23, па остатокот од мечот беше само рутина.
Димитриев со 20 поени беше најефикасен кај Феникс, а уште четворица кошаркари имаа двоцифрен ефект. Во тимот на Вардар, кој останува единствен без победа во елитата, Христијан Настовски беше најефикасен со 15 поени.
Со оваа победа Феникс се израмни со Гостивар и Тиквеш и ја продолжува битката за осмата позиција на табелата која води во плејофот.


