Одложениот натпревар од 14. коло на Првата македонска кошаркарска лига, меѓу МКК Куманово и Пелистер ќе се игра денеска од 18 часот, во салата „Перо Наков“ во Куманово.
Мечот беше закажан за синоќа, но поради расипаните уреди за мерење на времето, како и слабата видливост во салата, беше одложен. Домаќинот не успеа навреме да ги реши техничките проблеми, па официјалните лица му дадоа 24 часа да ги доведе во ред сите работи.
Една од опциите беше натпреварот да се игра во „Кале“ во Скопје, но кумановци успеаја до пладне да средат се што треба и дербито може да се одржи во Куманово.


