Актуелниот шампион МЗТ Скопје неочекувано го зголеми својот ростер со досегашен играч на Работнички.
Српскиот центар Милош Копривица доживеал повреда во текот на оваа недела, па аеродромци ќе се обидат да го покријат неговото отсуство со поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Оливер Двојаковски. Интересно е тоа што 28-годишниот кошаркар доаѓа од редовите на најлутиот ривал на МЗТ Скопје, Работнички каде играше во досегашниот дел од сезоната.
Во дресот на Работнички, Двојаковски одигра седум натпревари во првенството и три во АБА 2 лигата со просек од околу 1 поен и 1,5 скока по натпревар.


