Иако сигурен на осмото место по првата полусезона, Гостивар падна на десеттата позиција и сега дури му се заканува испаѓање од елитната конкуренција. Тоа е причина денеска да го даде максимумот против МКК Куманово кој беше во серија одлични резултати до минатата недела кога загуби од МЗТ Скопје на домашен терен. Дуелот во Гостивар се игра од 17 часот.


