Македонската женска сениорска репрезентација вечерва од 18 часот гостува во Белград, кај селекцијата на Србија, во претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство што ќе се одржи од 18 до 29 јуни оваа година.
Нашата репрезентација ги загуби шансите за пласман на континенталниот шампионат и последните два меча ќе биде само формалност и можност да се собере искуство. Денешниот ривал е една од најсилните селекции во Европа и шампион од првенството во 2021 година. Иако во меѓувреме направи смена на генерации, Србија и натаму е во кремот на европската репрезентативна кошарка и секако еден од фаворитите на претстојното првенство.
Првиот меѓусебен натпревар на Македонија и Србија во квалификациите за Еуробаскетот се одигра во ноември 2023 година во Скопје каде противничките славеа со 103-60.
Денешниот дуел почнува во 18 часот, а потоа останува уште натпреварот проив Украина во Рига кој е на програмата в недела.


