Чаир се задржа на седмата позиција на табелата во Првата лига откако денеска славеше како гостин против Вардар со 107-81.
Триумфот е прв за чаирчани по безмалку еден месец, односно по 11 јануари кога го совладаа Феникс, а доаѓа по серија од три порази во првенството. Со оглед на разликата во квалитет, јасно беше дека Чаир без поголеми проблеми ќе дојде до триумф, а тој можеше да биде и поубедлив бидејќи на седум минути пред крајот гостите водеа и со 43 поени разлика (96-53).
Кели беше најдобар играч на натпреварот со 26 поени, 12 скока и 7 асистенции, додека Настовски го предводеше Вардар со 19 поени.


