ТФТ многу подобро го почна натпреварот против Работнички, но тимот од Градски парк се соочи со многу проблеми уште на стартот.
Горан Самарџиев остана без стартниот центар и еден од најдобрите во екипата Имран Полутак кој беше исклучен по само три минути и 16 секунди. За кратко време, нему му беше досудена една неспортска и една техничка грешка и мораше да замине во соблекувална, оставајќи ги на цедило своите соиграчи на мошне важниот натпревар.
Дуелот меѓу ТФТ и Работнички е директен за второто место за табелата, а првиот меч оваа сезона му припадна на тимот од Тафталиџе.


