На 48 часа пред почетокот на завршниот турнир од Купот на Македонија, екипите на Пелистер и Чаир направија промени во своите екипи.
Вицешампионот го договори плејмејкерот Џеремаја Гамбрел кој во Битола доаѓа од српскиот прволигаш Металац од Ваљево. На 20 натпревариво Кошаркарската лига на Србија, Гамбрел просечно постигнувал по 20,5 поени, 2,9 скока и 2,3 асистенции и треба да биде големо засилување за плејмејкерската позиција.
Нов играч на Чаир е американскиот крилен играч Жак Јоу кој во Македонија доаѓа од косовскиот прволигаш Пеја. Одиграл 19 натпревари оваа сезона со ефект од 9,1 поен и 4,8 скока, а во Чаир ќе биде замена за Рашад Вилијамс кој напушти екипата.
Интересно е тоа што Пелистер и Чаир ќе играат еден против друг во четвртфиналето од Купот на Македонија, а нивниот меч е на програмата в четврток од 15:30 часот.


