На три дена пред почетокот на Купот на Македонија, екипата на Вардар донесе капитално засилување во своите редови.
Нов член на „црвено-црните“ е поранешната црногорска репрезентативка Снежана Алексиќ со која Вардар ќе се обиде да стигне до нов трофеј во Купот. Алексиќ ѝ е добро позната на македонската кошаркарска јавност бидејќи две сезони помина во Баскет Кам, а еден период помина и во Куманово и се очекува да биде големо засилување за тимот на Александар Ашаданов.
Во полуфиналето од Купот, Вардар ќе се сретне со тимот на Крива Паланка, дуел кој според многумина е финале пред финалето.


