Кошаркарката на Вардар, Елена Тасевска е прогласена за најкорисен играч на завршниот турнир од Купот на Македонија во женска конкуренција.
Репрезентативката одигра одлично на двата меча, вчера против Крива Паланка постигна 13 поени и 8 скока, а во денешното финале реализира 24 поени и 9 скока со четири тројки од шест шута.
Конкуренција во изборот за МВП на турнирот ѝ беше колешката од Вардар, Илина Селцова и ако признанието замминеше кај неа, немаше да биде незаслужено.


