Нема многу сестри во македонскиот спорт кои успеале заеднички да освојат и прослават еден трофеј.
Тоа синоќа им успеа на Ања и Мила Начевски кои во дресот на Вардар триумфираа во Купот на Македонија. Ања има 17, а Мила 16 години и јасно е дека пред нив се уште многу успеси во кошарката. За двете, ова е прв пехар во Купот и воопшто прв во сениорска конкуренција.
Ања Начевска е и стандардна македонска репрезентативка и една од најдобрите на нејзина возраст во земјава, а со тоа и меѓу носителите на играта на Вардар. Таа настапи на двата меча и постигна вкупно 15 поени со што даде придонес за четвртиот трофеј во Купот на Македонија, освоен од „црвено-црните“.


