Кошаркарската репрезентација на Македонија претпладнево го одржа планираниот тренинг во арената во Талин каде утре ќе се сретне со Естонија, во петтото коло од квалификациите за Европското првенство.
Експедицијата синоќа стигна во естонската престолнина и кошаркарите отидоа на заслужен одмор, па во текот на денешниот ден ќе се одржат главните подготовки за дуелот кој е од огромно значење за нас.

Натпреварот се игра утре од 18 часот во Унибет арената во Талин за која имаше информации дека е распродадена до последното место.


