Пред денешниот натпревар против Полска, со мала церемонија, Дамјан Стојановски официјално беше испратен во репрезентативна пензија.
Со националниот тим беше од 2009 година, одигра вкупно 61 натпревар на кој постигна 338 поени и учествуваше на четири европски првенства, во периодот од 2009 до 2015 година. Со него во тимот, Македонија го оствари најголемиот успех, четвртото место на континенталниот шампионат во 2011 година, во Литванија.
Кошаркарската федерација со врамен дрес со бројот 19 го испрати Дамјан кој ја продолжува кариерата на клупско ниво, со својот МЗТ Скопје.


