Лејсон Зеќири го одигра својот најдобар натпревар во македонската репрезентација, постигнувајќи 17 поени, 7 скока и 4 асистенции за индекс 25.
И тој самиот, а и селекторот Јончевски беа задоволни од изданието на крилниот играч на овој меч.
„Настрана победата која ја остваривме, морам да ја нагласам тимската хемија од првиот до последниот играч, како и членовите на стручниот штаб. Сите се обидуваа да си помогнат, а навивачите беа нашиот шести играч.
Задоволен сум од минутажата што ја добив и покажав дека можам да играм во оваа репрезентација. Давам се од себе на секој натпревар и сметам дека ако продолжиме вака, имаме светла иднина“, рече кошаркарот на Башкими.


