Шампионот МЗТ Скопје им се врати на победи во домашното првенство, откако во претходното коло доживеа сензационален пораз од Гостивар.
Аеродромци славеа со 88-66 против МЗТ Скопје во мечот во кој тренерот Васко Атанасов користеше половина од силите, имајќи предвид дека Дамјан Стојановски воопшто не се најде во составот, Војдан Стојановски и Бојан Крстевски поминаа на теренмот само по 5-6 минути, а најголем простор за игра добија Миловановиќ и Андоноски. Без разлика на тоа, МЗТ Скопје беше доминантен во текот на целиот меч, како што и се очекуваше.
Гостите дадоа отпор во првата четвртина во која не му дозволија на МЗТ да направи повисока разлика, но сето тоа се смени веќе во вториот период. Домаќините го добија тој квартал со 28-10, па второто полувреме беше само формалност и можност „помладите“ кошаркари да поминат повеќе време во игра.
Марко Миловановиќ ја искористи минутажата и постигна 16 поени што е безмалку четири пати над неговиот просек оваа сезона. Јилмаз со 13 поени беше најефикасен во тимот на Вардар кој е многу блиску до испаѓање од елитната конкуренција.


