Новото коло во Првата македонска кошаркарска лига почна со рекордна победа за оваа сезона.
ТФТ како домаќин го совлада Вардар со 90-37 што е највисока разлика во македонското кошаркарско првенство во актуелната натпреварувачка кампања, а воедно и највисока победа во историјата на клубот од Тафталиџе. Исто така, 37. поени кои ги постигнаа „црвено-црните“ се најмалку на една екипа во оваа конкуренција.
На крајот од првото полувреме не изгледаше дека натпреварот ќе заврши со толкава разлика бидејќи ТФТ по 20 минути игра водеше со „само“ 15 разлика (40-25). Во вториот дел дојде до колапс кај формалниот гостин на овој меч затоа што успеа да постигне само 12 поени за две четвртини. Од друга страна, ТФТ заигра одлично во нападот, со неколку долги серии направи огромно водство и на крајот дојде до убедливиот триумф.
Браун со 15 поени го предводеше тимот на ТФТ, Зафиров додаде 14, а Ташовски 12. Кај Вардар, единствен со двоцифрен број поени (10) беше капитенот Бајрам.


