Денеска во 14 часот, во швајцарскиот град Мие ќе се одржи ждрепката за втората фаза од претквалификациите за Светското првенство во Катар во 2027 година.
Во овој сегмент ќе учествува и македонската репрезентација која не успеа да се пласира на Европското првенство. Нашиот национален тим ќе ги чека своите ривали од вториот шешир, каде се уште Холандија, Данска и Словачка, што значи дека овие селекции не можат да бидат во групата со Македонија.

Најголем проблем ќе ни биде противникот од првиот шешир, каде се Хрватска, Украина, Унгарија и Бугарија. Според актуелните ростери, се чини дека најдобар избор би бил Унгарија која има промена на генерациите и неодамна остана без својот најдобар играч Адам Ханга кој реши да се прости од националниот тим.
Репрезентациите кои ќе учествуваат во оваа фаза од претквалификациите ќе бидат поделени во четири групи, а пласман понатаму обезбедуваат двете најдобропласирани од секоја група. Натпреварите ќе се играат во периодот од 2 до 20 август оваа година, по двокружен систем.


