Екипата на Кожув го потврди триумфот против МЗТ Скопје од минатото коло откако денеска славеше и на гостувањето кај Феникс, со 80-72.
Со тоа гевгеличани ја продолжија битката за второто место на табелата што не е далеку имајќи предвид дека ТФТ во моментов има само една победа повеќе. Кожув му ја прекина на Феникс серијата од шест победи во првенството и осум на домашен терен.
Откако во најголем дел од мечот се играше израмнето, а највисоката предност изнесуваше шест поени (Феникс ја имаше еднаш, а Кожув четири пати), одлуката падна во последните четири минути. По водството на домашниот тим со 71-67, Кожув направи серија од 13-0, а главен актер беше Пилепиќ кој во тој период постигна три тројки.
Стевановиќ беше најдобар стрелец во победничкиот тим со 20 поени, Пилепиќ додаде 19, а се истакна Теодор Симиќ со 10 поени и 17 скока. Шестмина кошаркари на Феникс имаа двоцифрен ефект, Шепатд и Бертранд постигнаа по 12, а Тимоти, Марфи и Димитриев по 11.


