Денеска на кошаркарските терени во Македонија нема да има никакви настани, како последица на невидената трагедија што се случи ноќеска во Кочани.
Кошаркарската федерација соопшти дека се одложуваат сите натпревари предвидени за 16 март.
„Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која во животите ги загубија десетици млади луѓе. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите. изразуваме најискрено сочувство и поддршка.
Поради големата трагедија во Кочани, сите натпревари од сениорските и младинските лиги, закажани за денеска, 16.03.2025 година, се одложуваат“, објави КФМ.
Денеска требаше да се играат два натпревара од Првата лига мажи и дербито меѓу Баскет Кам и Крива Паланка во женска конкуренција, како и голем број дуели од пониските категории.


