Денеска од 19 часот во Кисела Вода се игра дербито меѓу Работнички и МКК Куманово со кое ќе биде затворено 20. коло од Првата кошаркарска лига.
Натпреварот е од големо значење и на домашните кошаркар ќе им биде поддршка од навивачите, но припадниците на Сити Парк Бојс донесоа одлука да не присуствуваат и да не го бодрат со песна својот клуб. Причината е добро позната – трагедијата што на 16 март се случи во Кочани и ја потресе цела држава.
Работнички и МКК Куманово директно одлучуваат за третото место на табелата, но со победа имаат шанса и за втората позиција за која ќе се борат во последните две кола.


