Екипата на Работнички многу емотивно се прости од настраданите во трагедијата во Кочани и својата почит ја искажа на денешниот натпревар против МКК Куманово.

Дуелот требаше да се игра на 16 март, денот кога се случи несреќата, а беше одложен, како и сите спортски настани во тој период. Работнички денеска првпат излезе на терен, а играчите на клубот од Градски парк носеа маички со посвета на жртвите од Кочани.

На предната страна пишуваше „Кочани“ со датумот на трахедијата, а на задната беа испишани имињата на сите 59 жртви.


