Екипата на Баскет Дино, која се натпреварува во Третата македонска кошаркарска лига, денеска го одигра првиот натпревар по трагедијата што се случи пред 11 дена во нејзиниот град.
Баскет Дино славеше со 81-65, но конечниот резултат беше во втор план. Кошаркарскиот клуб Шкупи пред овој меч објави дека тој ќе биде од хуманитарен карактер и на влезот во салата Кале во Скопје беа поставени кутии за донации за семејствата на настраданите во несреќата.
Пред натпреварот, играчите на двете екипи им оддадоа почит со едноминутно молчење на жртвите во трагедијата меѓу кои беше и еден кошаркар на Баскет Дино.


