Екипата на Работнички ја оствари четвртата победа по ред откако попладнево, формално како гостин, во Кисела Вода го победи Гостивар со 88-79.
Натпреварот беше од големо значење за двете екипи, Работнички се бори за второто место, а Гостивар за што подобар биланс пред стартот на плејаутот каде ќе се бори за опстанок. Работнички одигра подобро во второто полувреме и тоа беше клучот за неговата победа.
Гостиварци одлично отворија, по осум минути игра водеше со 24-13 што беше нивно највисоко водство на натпреварот кое го имаше уште во два наврата подоцна. Работички успеа да се консолидира, па иако Гостивар го диктираше темпото, на голем одмор се замина со нерешен резултат (46-46). Доминацијата на скопскиот тим почна кон средината на третиот квартал кога по серијата од 17-3, Работнички отиде на 77-63. Гостивар одговори со 14-3 и на три минути пред крајот се доближи на 77-79, но тимот на Горан Самарџиев не дозволи нов пресврт и дојде до 14. победа во сезоната.
Стојан Ѓуроски удри против „своите“ и постигна 19 поени, Робев додаде 14, а Шошкиќ и Капетановиќ по 12. Ветеранот Дарко Соколов со 24 поени беше прво име во тимот на Гостивар.


