Екипите на Маџари и Ангели поведоа со 1-0 во полуфиналните серии од Втората лига од кои победниците обезбедуваат место во елитната конкуренција.
Маџари со многу мака, дури во финишот, го скрши отпорот на МЗТ Скопје УБ кој и на овој натпревар играше со само седум кошаркари. Искуството дојде до израз во финишот, поранешниот репрезентативец на Македонија постигна 25 поени, Димитровски додаде 17, додека кај МЗТ Скопје УБ, Дино Лазаарев заврши со 16 поени.
Ангели немаа толкава мака и буквално ги растурија Соколи со 105-57. Се беше решено во првата четвртина која Ангели ја добија со 35-7, па Игор Гацов им даде минутажа на сите кошаркари. Михаил Наумоски го заврши мечот со 16 поени, Стојаноски и Стојанов реализираа по 15, исто колку што имаше и најефикасниот кај Соколи – Тодороски.
Вторите натпревари од сериите се играат в среда, на терените на Соколи и МЗТ Скопје УБ.


