Две недели откако Томица Главчев беше избран за нов претседател, Кошаркарската федерација на Македонија го доби новиот Управен одбор.
Прифатен беше предлогот како членови на Управниот Одбор на КФСМ да бидат именувани Александер Павлов, Никола Митревски, Норик Селими, Савица Неделковска, Драган Иванов и Тане Димовски, додека како членови по автоматизам беа прифатени: Боро Смилковски, претставник од Прва лига-мажи, Јордан Цветановски, претставник од Прва лига-жени, Благоја Кечовски, претставник од Втора лига-мажи, Владимир Свртинов, претставник од Трета лига-мажи, Владимир Огњановски, претставник од младински лиги, и Александар Јончевски, како претставник од Здружението на кошаркарски тренери на Македонија.
На предлог на претседателот Главчев, одборниците го изгласаа и именувањето на Младен Ѓуроски за нов потпретседател на КФМ. Функцијата Генерален секретар ќе ја извршува Томче Стојчевски.


