Денеска во Доха беше извршена ждрепката за квалификациите за Светското првенство што во 2027 година ќе се одржи во Катар.
Со оглед на тоа што македонската репрезентација ќе мора да игра претквалификации, вечерва ги доби само потенцијалните противници за главните квалификации за Мундијалот. За да стигне дотаму, нашиот национален тим ќе мора да освои едно од првите две места во претквалификациската група во која се уште Романија и Унгарија.

Ако успее во својата мисија, Македонија ќе игра или во групата Б или во групата Г. Во Б-групата ќе биде со освоено прво место и таму за противници ќе ги има Грција, Црна Гора и Португалија. Ако биде второпласирана, за ривали ќе ги има Франција, Белгија и Финска.
Дали по вторпат во историјата ќе игра во квалификациите за Светското првенство, Македонија ќе знае најдоцна на 20 август кога се игра последното коло од претквалификациите.


