Откако саботната забава пред салата Кале помина одлично, Кошаркарскиот клуб ТФТ приредува слично нешто и денеска, пред вториот дуел од серијата против Работнички.
Потегот од пред четири дена се покажа правилен затоа што сите оние кои присуствуваа на забавата, подоцна го проследија мечот, па салата Кале беше пристојно исполнета, далеку над просекот во Првата лига оваа сезона. Иако денеска е работен ден, забавата стартува нешто подоцна што е нова можност за убав провод.
Мечот стартува од 19 часот на истото место, а журката е од 17:30, повторно со професионален ди-џеј, храна и пијалоци за сите присутни.


