Точно година и пол откако беше поставен, Горан Самарџиев ја напушта тренерската функција во Работнички.
По натпреварот против ТФТ одигран синоќа, тој понуди оставка до раководството, а доцна синоќа, по состанокот со најтесното раководство, таа е потврдена и кавадарчанецот денеска официјално се простува со клубот каде помина 6,5 години како играч и 18 месеци како тренер. Неофицијално, на следниот меч против ТФТ и до крајот на сезоната, екипата ќе ја води тренерот на јуниорскиот тим Нермин Пепиќ. Работнички губи со 0-2 од ТФТ во полуфиналето од плејофот, а евентуална елиминација од градскиот ривал нема да биде крај на сезоната затоа што се игра и серија за третото место.
Самарџиев го презеде Работнички пред крајот на октомври 2023 година кога на тренерската позиција го замени Димитар Мираковски. Во тимот од Градски парк дојде од словачкиот Комарно кој го водеше претходно.
Работнички беше негов втор клуб во тренерската кариера откако претходно беше тренер и на Еуро Никел (сега Тиквеш). Меѓу другото, му беше помошник на Љупчо Малинков во истиот клуб и дел од стручниот штаб во македонската репрезентација, кога селекторската функција ја извршуваше Александар Тодоров.


