Иако разликата е голема и нема резултатска неизвесност, во последната четвртина од дуелот меѓу Работнички и ТФТ дојде до голем инцидент меѓу кошаркарите на двата тима.
При една борба за топка под кошот на ТФТ, „за гуша“ се фатија Амар Хот од Работнички и Тома Стојаноски од ТФТ, а потоа се вклучија и други кошаркари од двете екипи. Интересно е тоа што Хот и Стојаноски се поранешни младински репрезентативци на Македонија и заедно во 2023 година освоија сребрен медал на Европското првенство Б-дивизија во Скопје.
Инцидентот резултираше со исклучувања на Хотон и Говенс, како и неспортски грешки на Стојаноски и Хот.


