Екипата на Баскет Кам по четврти пат во историјата е шампион на Македонија откако во финалната серија ја победи Крива Паланка со 3-0.
По двете победи на домашен терен, тимот од Македонска Каменица вечерва славеше и како гостин, со 67-49 за крај на серијата и потврда на доминацијата во домашната женска кошарка. Во ниеден момент од финалето Крива Паланка не успеа да парира и покрај тоа што во основниот дел од сезоната доминираше и долго време без пораз.
Ивана Кметовска го предводеше Баскет Кам со 28 поени како резултат на што го доби признанието за МВП на финалето. Кај Крива Паланка, Робинсон постигна 23 поени, но оваа екипа остана на историскиот пласман во големото финале од плејофот.


