ТФТ буквално го прегази МЗТ Скопје во првото полувреме од третиот натпревар од финалната серија во домашниот кошаркарски плејоф.
Овие 20 минути ќе останат запамтени како едни од најлошите на актуелниот шампион во поновата историја, не само кога се работи за финален натпревар или меч од плејоф, туку воопшто откако почна да доминира во домашната кошарка. И за тоа не сведочи само резултатот од првото полувреме (42-23 за ТФТ), туку и комплетната статистика во овој период од натпреварот.
МЗТ Скопје има 0/11 за тројка и само шест погодени шута од игра, а безмалку половина поени (11) постигна од линијата за слободни фрлања. На првиот поен чекаше речиси шет минути, откако ТФТ веќе поведе со 9-0, а првиот кош од игра го постигна во седмата минута, при резултат 14-1.
Стартерите на МЗТ Скопје вкупно постигнаа четири поени, по два браќата Стојановски, а речиси половина поени (10) реализира американскиот интернационалец Дион Едвин кој е единствен расположен за игра.


