Две години откако беше назначен за прв тренер на МЗТ Скопје и во својот трет плејоф, Васко Атанасов го доживеа првиот пораз во натпревар од разигрување за титула.
До вечерва, тој беше во серија од 23 победи во плејоф дуелите, низа која почна во вториот меч против Кожув во 2023 година, неколку дена откако го замени Драган Николиќ. Таа сезона имаше 6-0, лани оствари 9-0, а годинава, до денешниот натпревар, имаше осум победи по ред, против Феникс, МКК Куманово и ТФТ.
Шанса да му се одмазди на ТФТ, струмичанецот ќе има в понеделник кога се игра четвртиот натпревар од финалната серија, а тоа ќе биде можност за Атанасов да стигне и до својата трета шампионска титула во кариерата.


