Репрезентативецот на Девствените Острови, Дион Едвин го доби ласкавото признание за најкорисен играч на финалната серија од македонското кошаркарско првенство.
Крилниот играч имаше лош влез во финалето, на првиот натпревар постигна само девет поени, но потоа влезе во одличен ритам, на вториот реализира 25, на третиот 19, а денеска 15 поени.
За Едвин ова беше втора сезона во македонското првенство, но прва цела имајќи предвид дека пред три години беше член на Работнички. Тогаш тимот од Градски парк не беше конкурентен, па Едвин место во борбата за титулата, учествуваше во плејаутот.


