Искусниот српски интернационалец Никола Малешевиќ многу веројатно повторно ќе го облече дресот на Пелистер, неофицијално дознава КОШ.МК.
Во битолскиот клуб ќе се врати од Слобода Ужице каде настапуваше последната сезона, а ќе дојде во добро позната средина имајќи предвид дека го носеше дресот на овој тим од 2020 до 2022 година. Тогаш беше еден од најдобрите во тимот и меѓу најзаслужните за првото од трите учества во финалето од плејофот во македонското првенство.
По заминувањето играше за Цибона, Работнички и Ираклис пред лани да се врати во родниот град и по пауза од 15 години повторно да заигра за матичниот клуб.
Претстојната сезона Пелистер го очекува настап во квалификациите за Лигата на шампионите, а ако не успее таму, речиси сигурно ќе продолжи во ФИБА Европа купот.


