Џејкоб Вајли игра извонреден натпревар и е најзаслужен што македонската репрезентација има предност по 20 минути игра од дуелот со Романија.
Македонија води со 32-31, а натурализираниот репрезентативец постигна безмалку половина од поените (15), плус пет скока и три асистенции. Во првото полувреме оствари индекс 22 од вкупно 35 колку што има македонската селекција.
Голем проблем за нашиот тим е скокот бидејќи Романците имаат дури девет прифатени топки повеќе, вклучувајќи седум офанзивни скока од кои постигнаа 14 поени.


