Еден од најискусните во репрезентацијата на Македонија, Адем Мекиќ жали за поразот на нашиот тим на стартот од претквалификациите, но во исто време ја истакна гордоста од начинот на кој се претставија кошаркарите.
Македонија загуби од Романија, ама падна дури во последните минути во меч кој можеше да заврши дијаметрално спротивно.
„Тежок натпревар за нас, многу физички захтевен, мислам дека Романците имаа предност во тој сегмент. Тоа се почувствува во нападите од втора шанса и офанзивниот скок.
Сепак, мислам дека покажавме карактер, борба и енергија, но неиксуството дојде до израз, загубивме некои наши топки и дојде поразот. Сметам дека сите кошаркари дадоа 100%, навивачите и селекторот го препознаа тоа и се надевам дека енергијата ќе ние се врати“, рече Мекиќ.


