Освен анализата на натпреварот против Романија, новиот селекторт на македонската репрезентација Марјан Илиевски се осврна на еден чуден момент кој му претходел на мечот.
Минатата недела Македонија играше два пријателски дуела со Швајцарија, а иако тие беа од затворен карактер и немаше јавно прикажување, снимките кои требало да бидат приватни, некако дошле до Романците.
„За жал, тоа што морам да го кажам можеби е патетично, но тоа е нашата реалност. Уште еднаш до израз дојде македонскиот синдром на самоуништување и разочаран сум од тоа. Натпреварите со Швајцарија во Гевгелија беа од затворен карактер, настојувавме да ги сочуваме видео-анализите, но Романците стигнаа подготвени за сите наши напади, што е разочарувачки за мене како македонски селектор“, рече селекторот.
Нејасно е како се случило ова, но секако Федерацијата ќе треба да направи интерна истрага за да не се повторат вакви работи во иднина.


