Интернационалната кошаркарска федерација (ФИБА) соопшти дека отворила истрага во врска со националистичките скандирања на натпреварот меѓу Македонија и Романија што се одигра во саботата во Куманово.
„Во оваа фаза собираме релевантни извештаи и соопштенија, во тесна координација со вклучените национални федерации, како и со локалните власти и органите за спроведување на законот“, изјавил претставник на ФИБА за косовски медиум.
Претходно со реакција се јави раководството на Кошаркарската федерација на Македонија, како државниот врв кои го осудија скандирањето и рекоа дека за такво навивање нема место на спортските терени.


